Сезоната во кошаркарска Италија и дефинитивно беше прекината, притоа не беше прогласен шампион иако тимот на Виртус Болоња се наоѓаше на чело на табелата во моментот на прекинот. Сепак, тренерот на Виртус, Александар Ѓорѓевиќ, воопшто не сака да размислува за трофеј во период кога илјадници луѓе секојдневно умираат во Италија од коронавирусот.
„Како да зборуваме за спорт, за титула… Тоа е бесмислено кога по илјада луѓе умираат секој ден од епидемијата. Илјада луѓе дневно. Знаете ли колку е тоа, тоа е како шест авиони да се уриваат секој ден во иста држава“, прокоментира Ѓорѓевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА