Ѓорѓевиќ: Словенија е апсолутен фаворит во финалето

Србија и покрај бројните проблеми со откажувања на клучни играчи успеа да оствари одличен резултат, па трета година по ред ќе игра финале на големите натпреварувања (по СП и по Олимписките Игри во Рио де Жанеиро). Токму затоа, Александар Ѓорѓевиќ својата изјава по големиот триумф над Русија ја почна со благодарност до сите оние кои му се на располагање за овој Евробаскет.

Сакам да ја искажам мојта гордост и благодарност за овие момци, кои не прескокнаа ниту еден тренинг од првиот ден кога се собравме. Посветеноста е фанатична, најголема заслуга имаат играчите, тие се воини и победници. До крајот на животот ќе им бидам благодарен за посветеноста и за игрите на овој шампионат. Русија е одлична репрезентација, Швед неверојатен играч кој погодува од непредвидливи ситуации, но успеавме да славиме. Ова можеби ми беше најтешката средба што ја имам водено во кариерата“ – изјави Ѓорѓевиќ.

Сепак, тој е свесен дека најголемиот предизвик ќе претстои в недела, а во пресрет на големото финале фаворитската улога целосно ја пренесува на Словенија.

Веќе имавме и краток разговор на тема Словенија. Средбата ќе биде многу тешка, тие имаа и ден повеќе за одмор, играат најдобра кошарка на овој шампионат, а навивачите им даваат додатна енергија. Тие се апсолутни фаворити во неделното финале, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме“ – порача селекторот на Србија.

Се вчитува...