Ѓорѓи Ѓоргиев од следната сезона во Полска

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев во следната сезона ќе биде дел од полскиот Алурон Вирту Завиерче. Тој со клубот се договори на едногодишна соработка. Од 2018 година, помладиот од браќата Ѓоргиеви беше дел од Парис Волеј во францускиот шампионат. Тој е стандарден македонски репрезентативец, беше дел од дебитантскиот настап на Европското првенство во Словенија минатиот септември. Соработката со Ѓоргиев, клубот ја објави на официјалната страница и преку видеа на социјалните мрежи.

Во актуелнава сезона која беше прекината уште на крајот од март поради кризата со коронавирусот, Алурон Вирту заврши на десеттото место на табелата во полската лига.

„Слушнав многу добри работи за клубот, за неговата организација, за амбициите. Сакав да играм во полската лига, една од најсилните во светот. Овде има одлични навивачи и високи стандарди. Сакав да го почувствувам тоа“ – рече на промоцијата Ѓорѓиев.

Се вчитува...