Ѓорѓи Кочов: Одбраната на МЗТ го реши победникот

МЗТ Скопје за прв пат сезонава успеа да запише победа во градското дерби против Работнички (80-76). Решавачка беше последната четвртина во која домаќините со подобра игра во одбраната успеаја да ја сочуваат предноста.

„Одбраната беше клучна, мислам дека тоа го реши победникот. Им честитам на моите играчи, покажаа карактер, што е многу битно. Ме радува што добив повеќе играчи во ротација за следните натпревари. Тоа  ми беше и целта, да разиграм што повеќе играчи за да ги добијам за следните натпревари. Нешовиќ денеска не доби минутажа поради ситна повреда, меѓутоа веќе за некој ден ќе го имаме и него“ – истакна по натпреварот тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.

Триумфот во градското дерби ја крева самодовербата и ги подгрева амбициите на „металците“ во финишот на сезоната. Веќе во следниот дуел против Блокотехна, кошаркарите на МЗТ ги очекува уште еден голем предизвик.

„Не би сакал да навлегувам во некои тактички детали. Мислам дека одигравме одличен меч и Работнички и МЗТ и дека навивачите уживаа. Работнички игра добро во континуитет, цела сезона игра добро. Ние денеска покажавме дека исто така може да одиграме квалитетно, овие играчи знаат, но изгледа треба вака одвреме-навреме да се потсетуваме. Секако дека имаме шанса, меѓутоа, финалето се уште е далеку. Прво не чека една друга пречка, дуелот со Блокотехна која два пати не победи сезонава, која исто така игра брза и модерна кошарка и е многу незгоден противник“ – потенцираше Кочов.

Се вчитува...