По повод 8. Септември, Денот на независноста на Република Македонија, Сојуз на спортови на Скопје ја организира 7та велосипедска тура низ Македонија. Овој настан е под покровителство на Владата на Република Македонија и има за цел да прерасне во активност која ќе го негува здравиот живот во Македонија уште многу години.
Претседателот на Сојуз на спортови на Скопје, Ѓорги Кузмановски на своја 77 годишна возраст, заедно со Дејан Момировски, поранешен велосипедист и тренер на 50-годишна возраст, ќе ја започнат 90 – километарската тура на 1. септември, сабота. Тие ќе тргнат од плоштад Македонија во Скопје во 09.30 часот и очекуваат да пристигнат во Богомила во 13 часот
Од 2012 до денес ги имаат реализирано следниве тури:
2012 Битола – Скопје 175 км
2013 Скопје – Гевгелија 165 км
2014 Скопје – Свети Николе 77 км
2015 Крушево – Скопје 152 км
2016 Штип – Струмица 110 км
2017 Маврово – Кичево – Битола 122 км
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА