Ѓоргиев и Фридрихсхафен се незапирливи во Бундес-лигата

Никола Ѓоргиев повторно блеска во дресот на Фридрихсхафен, предводејќи го својот тим до уште една победа во одбојкарската Бундес-лига. Тимот на македонскиот капитен не знае за пораз од стартот на сезонава, па во осмото коло ја забележа и осмата победа, на домашен терен против Ротенбург со 3-1 во сетови.

Ѓоргиев не беше стартер од самиот почеток на мечот, а Ротенбург го искористи тоа и го доби првиот сет со 24-26. Со влегувањето во игра на Македонецот, домаќините од самиот старт на вториот сет воспоставија контрола и без многу мака ги добија наредните три сета (25-17, 25-17, 25-20), носејќи им радост на верните навивачи.

Никола Ѓоргиев со 21 освоен поен беше најдобар поединец во својот тим, уште еднаш потврдувајќи дека е клучно засилување и главен адут на Фридрихсфафен во борбата за највисок пламан сезонава.

Тимот на Фридрихсхафен по првите осум кола се наоѓа на делба на првото место заедно со БР Волејс, со идентичен скор 8-0.

Се вчитува...