Машката одбојкарска репрезентација на Македонија веќе неколку дена интензивно се подготвува во Крушево. Под будното око на селекторот Јошко Миленкоски, нашите најдобри одбојкари ги извршуваат клучните тактичко-физички подготовки пред претстојниот предизвик, Европското првенство во септември.
Македонија ќе настапи во исклучително силната група А, каде во Софија ќе ги одмери силите со домаќинот Бугарија, како и со селекциите на Украина, Полска, Португалија и Израел.
Атмосферата во таборот е на највисоко ниво, а денеска со директна порака до спортската јавност се огласи капитенот Никола Ѓорѓиев. Тој ја истакна максималната посветеност на целиот тим и вети дека секој поединец ќе го остави срцето на теренот.
„Македонска репрезентација во моментов е на 29.место на европската листа, со оглед на тоа дека сега се вратија Русија и Белорусија. Па така сонуваме, ќе се бориме, ќе патиме заедно и мислам дека ќе успееме да ја израдуваме македонската нација. Во моментов сега е најважно добро да се подготвиме и од никого да не стравуваме“ изјави капитенот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
