Ѓоргиев по нов предизвик, како „цар“ ја напушта Јапонија

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев, си заминува од редовите на Тореј ероус откако капитенот на нашиот национален тим одлучи да се нафати за нов предизвик во кариерата. Ѓоргиев оваа одлука ја обелодени преку својот фејсбук профил, заблагодарувајќи им се на сите во Тореј за прекрасните две години минати во овој јапонскиот клуб.

До сите мои пријатели кои преку фејсбук ме прашуваа за следната година, сакам да ве информирам дека нема да играм за Тореј ероус. Ви благодарам за двете прекрасни години, освојувањето на двојната круна го прави ова збогување перфектно“ – порача Ѓоргиев.

Македонецот се пресели на Далечниот Исток од редовите на Париз, каде беше избран за МВП на францускиот шампионат. По првата сезона во која не освои пехар Ѓоргиев во втората сезона стигна до двојна круна, освојувајќи ја титулата, но и Царскиот куп на Јапонија, воедно закитувајќи се и со МВП признанието.

Се вчитува...