Одбојкарската репрезентација на Македонија со денешниот пораз од Португалија ги загуби шансите за пласман во осминафиналето на Европското првенство.
На натпреварот кој се играше во арената „8888“ во Софија во рамки на групата Б, Македонија загуби со 13:25,20:25,20:25 од Португалија.
Ѓорѓи Ѓоргиев смета дека Португалците одиграле попаметно без многу грешки и поради тоа на крајот славеа.
„Португалија одигра попаметно од нас. Тие не направија многу грешки. Ние низ целиот турнир имаме проблеми со приемот. И Португалците ја најдоа нашата слаба точка“ изјави Ѓорѓи Ѓоргиев.
Во последното коло од групната фаза, Македонија утре од 15 часот ќе игра против Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
