Ѓоргиев пред стартот на ЕП: „Ако го запреме сервисот на Бугарите имаме шанси за нешто повеќе“

Организаторот на играта на македонската репрезентација, Ѓорѓи Ѓоргиев, пред утрешното отворањето на Европското првенство 2026 и дуелот со домаќинот Бугарија, вели дека на сите ни е добро познато дека играме против една од најсилните европски селекции, но секој во македонскиот табор е подготвен да го даде максимумот во националниот дрес.

Според Ѓорѓиев клучно, ако сакаме позитивен резултат, ќе биде да се запре сервисот на Бугарите.

„Европското првенство го отвораме со дуелот против домаќинот Бугарија, и со оглед на фактот дека шест-седум години играм тука и добро ги познавам, може слободно да кажам дека, иако подмладена, ова е најдобрата генерација во нивната историја за што потврда е и второто место на претходното европско првенство“ – вели Ѓорѓиев и дополнува:

„Но, тоа е дополнителен мотив за нас, за да видиме до каде сме во споредба со најдобрите европски селекции. Наше е да го дадеме максимумот, а ќе видиме тоа за колку ќе биде доволно. Не се залажуваме, играме против една моќна репрезентација, но и ние имаме свои адути. Ако успееме да го скротиме нивниот сервис кое им е најсилно оружје, и ако го разиграме нашиот напад тогаш секако имаме шанси за нешто повеќе од овој прв натпревар на ЕП“.

Македонија на отворањето на ЕП 2026 утре против Бугарите игра од 18 часот.

Се вчитува...