Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го одработи утринскиот тренинг во „Арена Софија“, финализирајќи ја стратегијата за претстојните два клучни натпревари кои утре и задутре ги игра против селекциите на Португалија и Израел.
Поразот од силната Полска е веќе минато, а атмосферата во таборот на „спартанците“ е на високо ниво, особено по позитивните вести од медицинскиот тим. Капитенот Никола Ѓоргиев, кој поради полесна повреда на грбот превентивно го пропушти претходниот дуел, се враќа во составот. Неговото искуство и лидерство ќе бидат од огромно значење за македонскиот тим во овие два решавачки дуела кои го кројат патот кон следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
