Ѓоргиев стрелец за Теута во поразот од Егнатиа

Теута не успеа да им се врати на победите откако во 15. коло од албанското првенство беше поразена од Егнатиа на домашен терен со 1-2. Гостите стигнаа до предност со двата гола на Магани, а поразот на „сино-белите“ го ублажи нашиот Пепи Ѓоргиев кој во игра влезе во 56. минута, а во 78. минута успеа да ја протне топката во мрежата на Пуја.

За Теута ова е петти пораз во сезоната со кој тимот од Дуреш падна на шестата позиција на табелата со 18 освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...