Ѓоргиев тргна со „десетка“ во Полска

Никола Ѓоргиев имаше успешно деби во полскиот шампионат откако со екипата на Онико Варшава стигна до убедлива победа на гостински терен над тимот на Бидгошч.

Македонскиот ас и неговите нови соиграчи имаа проблеми само во првиот сет, што го добија со 22-25, за потоа во вториот и во третиот дел од мечот да му препуштат на противникот само по 18 поени.

Ѓоргиев освои десет поени (девет во напад и еден ас-сервис), за најава дека македонскиот ас ќе биде големо засилување за својот тим во атакот на што подобар пласман во новата сезона.

Се вчитува...