Ѓоргиев тргна со победа во Бундес-лигата

Капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓоргиев, имаше победничко деби во Бундес-лигата откако со Фридрисхафен стигна до убедлив триумф од 3-0 на дуелот со Елтман. Најдобриот македонски одбојкар си замина од Јапонија и реши да се проба во елитното германско друштво, а дебито беше одлично, Ѓоргиев и соиграчите лесно го скршија отпорот на противникот и стигнаа до победата.

Првиот сет беше рутински добиен со 25-19, по што Фридрихсхафен во вториот му препушти 17 поени на гостинот. Во третиот период дојде до мало опуштање во таборот на домашниот тим, па сетот беше добиен со минимални 25-23, за конечни 3-0.

Ѓоргиев беше меѓу најдобрите поединци во победничката екипа, освојувајќи 16 поени на своето бундеслигашко деби.

Се вчитува...