Ѓоргиев влезе во победнички ритам со Онико

Никола Ѓоргиев влезе во посакуваниот ритам во дресот на Онико, предводејќи го својот тим до нова победа во полскиот шампионат.

Очекувано, екипата од Варшава немаше проблеми на денешниот меч на домашен терен против Биелско бала, екипа што е „фенерџија“ на табелата без ниту една победа сезонава. Ѓоргиев и соиграчите одиграа доминантно, триумфирајќи со максимални 3-0 во сетови, добивајќи ги првите два со идентични 25-17, а третиот со 25-23.

Македонецот освои вкупно 15 поени, од кои 11 во напад, три со блок и еден со ас-сервис. Онико со денешната победа се искачи на делба на второто место на табелата заедно со екипата на Катовице.

 

Се вчитува...