Ѓорѓиев во Топ 5 најдобри поентери по групната фаза на Европското првенство

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев ќе ја заврши групната фаза на Европското првенство во Топ 5 најдобрите поентери на шампионатот.

По завршените натпревари во групите, во очекување на само уште четири натпревари, со 96 реализирани поени Ѓорѓиев без сомнение ќе биде еден од петте најдобри поентери. Во моментов нашиот најдобар одбојкар е на четвртата позиција на листата на најдобрите поентери на Европското првенство.На врвот на листата е репрезентативецот на Холандија, Абдел-Азиз кој има 123 освоени поени.

Александар Љафтов е втор најуспешен македонски одбојкар во оваа категорија, на 20. место со 62 поени.

Македонија пропушти огромна шанса да се најде во осминафиналето на ЕП, откако синоќа Финска ја совлада Турција со 3-2 па ја освои четвртата позиција на табелата.

Се вчитува...