Ѓорѓиевски: На секој натпревар учевме по нешто ново, останува жал за пропуштеното против МЗТ Скопје

Куманово полека, но сигурно го враќа претпознатливот сјај од пред пет сезони кога „сино-белите“ беа во конкуренција за сите трофеи на домашната сцена. Кумановци оваа сезона се бореа и на два фронта, беа одлични на домашната сцена, но и во БИБЛ лигата каде стигнаа до четвртфиналето.

На почетокот на сезоната на клупата на составот од северот на Македонија беше Владимир Мирковски, а него го наследи Игор Ѓорѓиевски кој во дебитанската сезона во серниорската кошарка во полн сјај ја вршеше својата функција.

Ѓорѓиевски започна со пораз на домашен терен од ТФТ, но следеа шест победи во низа, три во Првата лига и три во БИБЛ со што впрочем беше и осигурано местото во следната фаза од разигрувањето на интернационалната сцена.

„Искуството, поготово во една ваква сезона беше незаборавно и непроценливо. Прв пат сум на една сениорска екипа каде имав можност да влезам во тренерската работа и се надевам дека ги оправдав очекувањата. Многу ми помогнаa и натпреварите во БИБЛ, од секој натпревар научив по нешто. Секој меч беше посебна приказна. Различни ситуации, моменти, усовршување на тактика и се што ја краси кошаркарската игра. Ова е само почеток на овој пат што го започнав“, изјави за ЕКИПА тренерот на Куманово.

Куманово беше и блиску до сензација откако „сино-белото“ четвртфинале против МЗТ Скопје го сведе на „мајсторка“. Избраниците на Ѓорѓиевски имаа и преднсот од десет поени во финишот на мечот, но искусниот тим од Аеродром се избори за продолжение за кое кумановци немаа сили.

„Искрено оваа сезона бевме добар тим, доста квалитeтн, кој можеше секого да победи. Ни недостаcуваше малку искуство и среќa, но тоа е остaнува жал за пропуштеното особено против МЗТ Скопје“, додава Ѓорѓеивски.

Младиот стратег останува на клупата на „сино-белите“ и следната сезона. Ѓорѓиевски сега ќе составува тим по свој „апетит“, а одлуката за тоа на кои сцени ќе насaтпува клубот ќе биде донесена во текот на летото.

„Да, го продолжив договорот со клубот. Полека ќе ја формирам екипата заедно со управата на клубот. Ќе видиме што како во текот на наредниот период каде ќе настапуваме“, вели тренерот.

Се вчитува...