Ѓоргиевски продолжува со Бутел (ФОТО)

Димитар Ѓоргиевски и ракометниот клуб Бутел продолжуваат заедно и во следните две сезони откако клубот и ракометарот го продолжија договорот. Средниот бек е во тимот од самите почетоци и за него ова ќе биде петта сезона во „црниот“ дрес.

„Задоволен сум од продолжувањето на соработката. Јас сум член на Бутел Скопје уште од формирањето на клубот и не гледам причина зошто би ја променил средината. Бутел има високи амбиции секоја сезона и сигурен сум дека можам многу да напредувам во кариерата овде. Се надевам дека следната сезона ќе биде поуспешна од оваа што заврши и дека ќе се избориме за место во европските купови“, вели Ѓоргиевски.

Се вчитува...