Ѓорѓиевски стана најдобар стрелец на ПМФЛ, па се збогуваше од Силекс

Марко Ѓорѓиевски и Бесарт Ибраими ја поделија наградата за најдобар стрелец во сезонава во ПМФЛ. Ѓорѓиевски до пред последното коло, имаше два гола помалку од Ибраими, но на крајот успеа да постигне два токму против Шкендија и да го подели првото место.

Ѓорѓиевски имаше одлична сезона со Силекс, неговите голови обезбедија и учество на тимот во Лигата на Конференции. Но, таму нема да игра најдобриот стрелец кој најави заминување од кратовскиот тим.

На социјалните мрежи Ѓорѓиевски кажа дека ова му е последен настап за Силекс. Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но не е исклучено заминување во странство.

Се вчитува...