Ѓорѓиевски во тимот на колото во Србија

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорѓиевски се најде во изборот на најдобриот тим на колото во Првата лига на Србија.

Офанзивецот на Раднички Пирот изминатово коло учествуваше со две асистенции во гостинската победа на неговиот тим од 1-2 против Трајал Крушевац, па повеќе од заслужено се најде во изборот на најдобрите фудбалери.

Ѓорѓиевски доби и нов повик од селекторот Благоја Милевски за последните два натпревари на младата селекција против Израел и против Црна Гора, од квалификациите за пласман на ЕП 2021.

Се вчитува...