Ѓорѓиевски: Загубивме добиен натпревар, но долга е сезоната

Ангели беа на чекор да стигнат до првата победа во сезоната откако во дуелот на новалијиите против Феникс 2010 имаа предност од пет поени на 14 секунди до крајот. Но, преголемиот број на промашени слободни фрлања како и лошите реакции во одбраната на крајот беа кобни по тимот од Кисела Вода кои по дополнителни пет минути го забележаа и четвртиот пораз во сезоната.

Тренерот Горан Ѓорѓиевски не го криеше разочарувањето од поразот, но нагласи дека од натпревар во натпревар гледа се подобра игра на својот тим, а сезоната е долга.

„Загубивме добиен натпревар и нормално е да не сме среќни. Промашивме четири слободни фрлања на крајот на натпреварот и наместо да приредиме мирен финиш дозволивме противникот да се врати во игра. Игравме добра кошарка 40 минути. Го наметнавме нашето темпо, одигравме добро во одбрана, ја неутрализиравме транзицијата и ги запревме странците и требаше да стигнеме до првата победа во сезоната. Како и да е не се предаваме. Видовме дека неискуството беше клучно, не само на овој натпревар туку и на оној против Работнички, но она што радува е тоа што има напредок. Ништо не е загубено долга е сезоната. Не се предавме и ќе дадеме се од себе уште на следниот натпревар против Гостивар“, изјави за ЕКИПА Горан Ѓорѓиевски.

Во следниот натпревар новалијата силите ќе си ги одмери со Гостивар, а потоа следат и дуели со ТФТ, МЗТ Скопје и ФМП.

Се вчитува...