Горјан Марковски е нов кошаркар на ТФТ

Искусниот македонски кошаркар Горјан Марковски кариерата ќе ја продолжи во редовите на ТФТ откако скопскиот клуб го официјализираше неговиот потпис. 31-годишникот „црно-белиот“ дрес ќе го облече по две сезони поминати во Работнички.

Во клубот од Тафталиџе крилото кое во својата кариера освои пет шампионски титули носи и богато искуство со претходни настапи и за Торус, МЗТ Скопје, Фени Индустри и Куманово.

Се вчитува...