Горник уште зимава го враќа Тошевски на Ростов

Давид Тошевски уште зимава се враќа во Ростов, од позајмица од полскиот Горник Забрзе. Според руските медуми Горник се одлучи да ја прекине позајмицата, и да му го врати на рускиот тим назад, иако договорот за неговата позајмица истекуваше на крајот на сезоната. Тошевски не замина на подготовките на својот тим во Турција.

Тошевски одигра само еден меч во полскиот шампионат оваа сезона, односно само три минути. Тој играше и мечеви во Купот, каде постигна два гола.

Тошевски дојде во Ростов во 2020 година, и одигра само седум меча за рускиот тим, а на почетокот на оваа сезона замина на позајмица во Полска, која ќе заврши уште зимава.

Дали Ростов ќе се одлучи на нова позајмица, или, пак, ќе го задржи, останува да се види.

Се вчитува...