Господин „хет-трик“ Бензема е моментално најдобриот фудбалер во светот (ВИДЕО)

Карим Бензема продолжува да игра во неверојатна форма сезонава и полека, но сигурно станува прв фаворит за освојување на „Златната топка“ и наградата за најдобар фудбалер на ФИФА „Д-бест“.

Французинот по ПСЖ во своите витрини запишува и минимум хет-трик и против Челси. По двата гола во првиот дел, Бензема го постигнува и третиот погодок на „Стемфорд бриџ“ и носи водство од 1-3.

Како и против „светците“ така и вечерва голманот на противникот, направи голема грешка, која во стилот на „расен шпиц“ Бензема ја искористи за ново водство од два гола за „кралевите“.

 

Се вчитува...