Мајами Хит изненадувачки се пласираше во финалето на НБА лигата каде ќе се сретне со големиот фаворит Лос Анџелес Лејкерс. Најголем „виновник“ за овој успех на тимот од Флорида е претседателот, Пет Рајли.
Легендарниот Рајли ќе стане првиот човек во историјата на лигата кој во шест различни децении е дел од едно НБА финале. Се започна во 70-тите години на минатиот век кога како кошаркар на ЛА Лејкерс беше дел од финалната серија. Во 80-тите и 90-тите години како тренер на ЛА Лејкерс и Њујорк Никс. Во нултите години на овој милениум ги вршеше функиците на главен тренер и претседател во Мајами Хит, а од 2008 година е само претседател во клубот од Флорида.
Неверојатно е тоа што Пет Рајли веќе 60 години е „мастер“ кога е во прашање создавање на тим за напад на титулата, а во кариерата низ неговите раце поминаа ѕвезди како Меџик Џонс, Карим Абдул Џабар, Патрик Јуинг, Двејн Вејд, Леброн Џејмс…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА