Господин МВП: Шортс е најкорисен играч на стартот од Еврокупот

Ти-Џеј Шортс минатата сезона беше МВП во Лигата на Шампионите на ФИБА, а македонскиот репрезентативец продолжува во ист стил и на своето деби во Еврокупот, по трансферот во редовите на Париз.

Токму Шортс беше најдобар поединец на Париз во почетниот триумф од Еврокупот, а за извонредното издание одличниот плејмејкер ја доби и наградата за МВП на првото коло во Еврокупот.

За потсетување, Шортс за 22 минути реализираше 20 поени (8/11 шут за два), надополнети со девет асистенции и три украдени топки. Уживајте во дел од мајсториите на македонскиот репрезентативец на дуелот со литванскиот претставник Вулвс

Се вчитува...