„Господин Паненка“ – нова мајсторија на Серхио Рамос (видео)

Серхио Рамос уште еднаш покажа зошто важи за најголем мајстор во светот на фудбалот за „паненка пенали“, откако капитенот на Реал беспрекорно реализираше удар од белата точка и на вечерашниот дуел од Копа дел реј против Џирона.

Резултатот гласеше 1-1 кога беше досуден пенал за еден прекршок врз Винициус, а Рамос успеа да го измами голманот, сочека тој да падне на левата страна, за потоа со рутински лоб да донесе радост на „Сантијаго Берабеу“.

Нема што, Рамос дефинитивно го заслужува прекарот „Господин Паненка“.

Се вчитува...