„Господин промашување“ – Мората пак се посрамоти (видео)

Алваро Мората уште еднаш покажа зошто не вреди за богатството што Челси го плати за негов трансфер, откако шпанскиот голгетер се посрамоти и во репрезентативниот дрес.

Се играше второто полувреме од пријателскиот меч меѓу Шпанија и БиХ кога по еден шут на Асенсио голманот кратко ја одби топката, до Мората кој на помалку од пет метри пред себе ја имаше само празната мрежа. Треба да е рутински гол, но Алваро е „Господин промашување“, па успеа да промаши и од една вака ситуација.

Реакцијата на Асенсио доволно говори…

Се вчитува...