Екипите на Е. Пелистер 2 и на Прилеп со гостински победи го заокружија претпоследното коло од првиот дел од Супер-лигата, откако одлично се сннајдоа на противнички терен против ракометарите на Струга, односно Радовиш.
Младите „пелистерци“ за противник ја имаа екипата на Струга, по голема битка славејќи со 22-26. „Пелистерци“ на полувреме имаа предност од минимални 11-12, а дуелот беше израмнет се до 17-17, кога гостите од Битола успеаја да се одлепат и а крајот да стигат до победата. Баптист беше прв стрелец на победничкиот тим со осум гола, шест постигна Митревски, додека стрелците на Струга ги предводеше Ненад Костоски со шест погодоци.
Прилеп рутиски ја одработе задачата против Радовиш, славејќи со 24-29. Гостите целата работа ја завршија во првото полувреме што го завршија со водство од 14-19, позитива што ја задржаа до самиот крај на мечот. Димитар Димитриоски беше клучна фигура во победничкиот тим со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

