Гостински победи за Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Лајпциг (ВИДЕО)

Фаворитите ги оправдаа своите улоги како гости на денешните натпревари во Бундеслигата. Славеа и Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд и Лајпциг на терените во Хамбург, Мајнц и Волфсбург.

Баер Леверкузен успеа да го совлада тимот на Сент Паули со 1-2. Тапсоба ги донесе гостите во предност во 25. минута, а потоа Вал во 32. минута израмни. Сепак, Поку во 58. минута донесе предност и победа на „фармацевтите“.

Чиста победа за Борусија Дортмунд на гостувањето кај Мајнц. „Милионерите“ имаа голем хендикеп пред самиот меч, кога на загревање се повреди Гираси, а на негово место во составот влезе Бранд, кој на крајот беше двоен асистент. Брант во 27. минута му асиситраше на Свенсон за водство, а потоа во 40. минута и на Адејеми за 0-2. Дополнително работата ја ја олесни црвениот картон на голманот Робин Центнер.

Лајпциг со голот на Бакајоко во раната фаза од мечот против Волфсбург запиша три бода. Три бода освои и Хаденхајм кој со 2-1 го совлада Аугзбург.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...