Гостите со предност на полувремето: ПСЖ води во Минхен, Челси против Порто (ВИДЕО)

Гостите имаат предност на полувремето од последните два четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. ПСЖ има предност од 1-2 на гостувањето против Баерн во Минхен, а Челси води со 0-1 против Порто на мечот кој се игра во Севилја.

ПСЖ умешно ги искористи двете свои можности на дуелот во Минхен, па имаше и предност од 0-2 по головите на Мбапе уште во 3. минута, и Маркињос во 28. минута.


Германците се изнапромашуваа во првиот дел, за да Чупо-Мотинг конечно погоди во 37. минута.

Челси, пак, до предност на полувремето дојде со голот на Мејсон Маунт во 32. минута…

Се вчитува...