Гостивар донесе уште еден Американец

Гостивар продолжува со формирање на екипата за наредната сезона откако „сино-белите“ официјализираа уште еден трансфер. По Деонте Браун, од денеска нов член на гостиварци е уште еден Американец – Маише Дејли, кој потпиша едногодишен договор со тимот предводен од Алек Јончевски.

Дејли настапуваше во НЦАА-лигата во тимот на Акрон, станува збор за играч висок 201 сантиметар кој одлично се снаоѓа на плејмејкерската позиција и со својата височина сигурно ќе им создава проблеми на противничките играчи во македонскиот шампионат.

„Сино-белите“ претходно го договорија и центарот Силаџи, кој ланската сезона настапуваше за Кожув и за Пелистер, а од домашните засилувања доведени беа Ефремовски и Лефкоски.

Се вчитува...