Гостивар го назначи Никола Димитриевски за нов тренер

Кошаркарскиот клуб Гостивар само неколку часа откако објави разделба со Љупчо Малинков, го назначи Никола Димитриески за свој нов кормилар.
Димитриески е дел од овој тим од 2017 година, беше помошник на тројца тренери, а во еден момент беше назначен и за В.Д. прв тренер на екипата.
Гостиварци сега одлучија него да му го предадат кормилото за следната сезона, со оглед дека најдобро ја знае екипата. Екипата му посака среќа во новиот предизвик.

Се вчитува...