Гостивар го растури Кожув и осигура место во плејофот

Екипата на Гостивар успеа да слави на домашен терен против Кожув со убедливи 104-73, триумф со кој „сино-белите“ и дефинитивно го осигураа осмото место на табелата кое води во плејоф-разигрувањето. Кожув играше во добра форма на последните средби, но прволигашот од Гевгелија вечерва целосно потфрли, пa по завршувањето на лигашкиот дел ќе продолжи во плејаут натпреварувањето, со големи шанси да обезбеди опстанок.

За вечерва се очекуваше израмнета битка, но наместо тоа гостиварци од самиот почеток наметнаа темпо што гостите од Гевгелија не можеа да го следат. Веќе во 4. минута Гостивар имаше предност од 14-3, по што позитивата на домашниот тим остана двоцифрена до самиот крај на натпреварот. На одмор се замина со 51-36 за „сино-белите“, кои одиграа маестрално и во третата четвртина добивајќи ја со 31-13, за на крајот да триумираат со конечни „плус 31“.

Вилијамс имаше 25 поени и 10 скокови, Инграм 24 поени и 14 скокови, додека Коскоски придонесе со 19 поени во овој триумф на гсотиварци, во чии редови дабл-дабл иаше и Стојаноски со 10 поени и 13 скокови. Кај Кожув најефикасен во убедливиот пораз беше Американецот Милер со 25 поени.

Се вчитува...