Гостивар го совлада МЗТ Скопје во пријателски натпревар

Кошаркарите на Гостивар славеа над МЗТ Скопје Аеродром во пријателски натпревар со 73-63. Актуелниот македонски шампион и на овој подготвителен натпревар не беше комплетен откако тренерот Дарко Радуловиќ не можеше да смета на капитенот Дамјан Стојановски, како и Адем Мекиќ и Дастин Вер.

Најефикасни во победничкиот тим беа Силаџи и Ефремовски, додека кај МЗТ Скопје, прв стрелец беше Роберт Рикиќ.

Се вчитува...