Гостивар и Кожув за враќање на победите, Академија ФМП против Вардар за заверување на одличната форма

Прволигашката кошарка денеска се враќа во етерот со две средби од 19. коло во кои силите ќе си ги одмерат Гостивар и Кожув, односно Академија ФМП и Вардар од 18 часот.

Гостиварци и гевгеличани на овој натпревар влегуваат со серија од два порази во низа, па победата ќе биде императив за „сино-белите“ и „црвено-белите“. Она што ги одликувата двата тима е шутот за три поени кој доколку функционира кај Гостивар и Кожув ни претстои феноменално „артилериско“ шоу.

Првиот натпревар помеѓу овие два противника заврши со убедлива победа на Кожув на домашен терен, па Гостивар ќе има и мотив повеќе да го одбрани „Младост“.

Во истиот момент ќе започне и дуелот помеѓу Академија ФМП и Вардар во Кисела Вода, натпревар во кој избраниците на Петровиќ влегуваат по победите над МЗТ Скопје и Кожув. Слично како и „академиците“, Вардар им се врати на победите со триумф над МЗТ Скопје 2 во последното коло, па „црвено-црните“ ќе бараат влез во нова победничка серија која може да биде и клучна во борбата за опстанок.

 

Се вчитува...