Фудбалерите на Гостивар денеска на домашен терен ќе ја пречекаат Македонија Ѓорче Петров во премиерниот меч од последното 18. коло од зимскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Еден од најискусните во таборот на „лавовите“ Коста Манев вели дека тој и неговите соиграчи одат на победа на гостувањето кај одличниот тим на Гостивар.
„Играме против добар противник кој знае што сака, но ние имаме цел која треба да ја постигнеме со борбена игра и силен напор за да се вратиме од Гостивар со позитивен резултат“, вели Манев.
Натпреварот е со почеток во 13 часот.
ПМФЛ 18. КОЛО:
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (ДЕНЕСКА 13 ЧАСОТ)
УТРЕ: 13.00
АП БРЕРА – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ВОСКА – РАБОТНИЧКИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА