Гостивар ќе плати 40.000 денари за навивањето против Работнички

Гостивар претрпе убедлив пораз на домашен терен од Работнички, а згора на тоа овој прволигаш ќе треба да плати и сума од 40.000 денари како казна за неспортското навивање на своите фанови.

„На теренот фрлени тврди предмети пластични запалки и неколку пенкала, по опомената преку разглас повеќе не се повторило. Од страна на гледачите навредливо скандирање и довикување кон судиите и гостинската екипа. Останатото без забелешки од страна на обете екипи и службените лица“ – се вели во делегатскиот записник.

Врз основа на овој записник, Комесарот Цветковски го казни Гостивар со 30.000 денари за фрлање тврди предмети на терен и уште 10.000 денари за неспортско навивање.

Првото коло од Супер-лигата стартува викендов, со неделните натпревари меѓу Куманово и Работнички, односно Кожув и МЗТ Скопје. Третиот меч од Супер-лигата, дуелот меѓу Блокотехна и Гостивар на програмата е в среда.

Се вчитува...