Прволигашката кошарка се враќа во салите ширум Македонија со два дуела од 20. коло во кое силите ќе си ги одмерат Вардар и Гостивар, односно Кожув и Евро Никел.
Првиот натпревар денеска ќе биде одигран од 17 часот во Скопје каде Гостивар ќе бара прекин на серијата од три порази во низа против Вардар. „Сино-белите“ на овој натпревар влегуваат со фаворитска улога против младиот состав, но на избраниците на Србиновски нема да им биде нималку лесно против расположениот Вардар. „Црвено-црните“ оваа сезона покажаа карактер и успеаја да изненадат против квалитетни тимови, а во походот кон опстанок секој натпревар е од големо значење.
Првиот меч оваа сезона му припадна на Гостивар кој убедливо славеше со 91-53 на домашен терен, па ќе биде интересно да видиме каков ќе биде одговорот на скопскиот состав.
Денешната програма ќе ја комплетираат Кожув и Еуро Никел со натпревар во „26ти Април“ од 17 часот и 30 минути. Двата тима влегуваат во денешниот меч на крилјата на победите во претходното коло над Гостивар, односно Пелистер па ќе видиме кој состав ќе продолжи со победничката низа.
Ова ќе биде прв меѓусебен натпревар оваа сезона, а мотив повеќе за избраниците на Самарџиев ќе фактот дека „сино-белите“ не знаат за победа против Кожув, кој минатата сезона убедливо ги доби двата натпревари против „црвено-белите“. Кожув и Еуро Никел се наоѓаат во позиција да изборат пласман во Суперлигата, а секоја победа е чекор повеќе до целата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА