Гостивар најде замена за Костоски – Ворку ќе ги разигрува „сино-белите“

Гостивар се соочи со големи проблеми пред самиот почеток на подготовките за новата сезона откако остана без услугите на Александар Костоски кој се одлучи да замине од клубот. Сепак, гостиварци експресно најдоа негова замена и тоа во Ијасу Ворку.

Американскиот плејмејкер во македонското првенство доаѓа од хрватската лига каде изминатата сезона ги бранеше боите на Забок каде забележа просек од 16.1 поени, 4.6 скока и 3.4 асистенции по натпревар.

Дваесетидвегодишниот во првиот дел од сезоната ги бранеше боите на Задар и во АБА лигата бележеше просек од 3.0 поени, 2.4 скока и една асистенција.

Се вчитува...