Гостивар не се дава дома, го победи и Еуроникел и ја задржува лидерската позиција

Гостивар го задржува врвот на табелата во домашниот кошаркарски шампионат и по седмото коло во кое го доби дербито со Еуроникел со 94-87. Гостивар останува без пораз на домашен терен сезонава, има серија од пет последовни успеси откако ја доби пресметката со конкурентот за висок пласман кавадаречкиот состав кој до ова коло исто така беше на врвот.

Вторто полувреме беше клучно за победата на Гостивар, во него, во третиот сегмент домашниот тим ја достигна предноста што во втората четвртфина ја изгради Еуроникел, се избори за изрманет резултат при влезот на завршниот период во кој влезе со серија од 5-0, а потоа имше и највисоки осум поени предност и до крајот ја одржа дистанцата потреба за успех.

Доналдсон и Џелетовиќ беа поентерски предоводници во триумфот на Гостивар. Доналдсон постигна 29, а Џелетовиќ 21 поен. димчевски уфрли 18 поени, а двоцифрен беше и Димитриевски кој зарши со 10 поени.Марзет и Петровски беше двоецот кој се издвои кај Еуроникел. Американецот имаше 25, а Петорвски два поени помалку.

Во следното коло, Гостиивар го пречекува Куманово, а Еуроникел во Кавадарци ќе се соочи со шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

 

Се вчитува...