Гостивар не се дава на домашен терен, падна Блокотехна

Гостивар ја прекина победничката серија од четири последовни успеси на Блокотехна, врза два трумфа по ред и забележа значјани бодови во завршниот дел од регуларната сезона во домашниот кошаркарски шампионат. Гостивар славеше со 98-86 во дуелот кој го затвори 17.коло.

Клучниот исчекор кон победата, Гостивар го направи во финишот на третата четвртина кога со серија од 10-0 побегна на двоцифрена предност и во завршниот сегмент од средбата влезе со 76-65. Претходно во текот на натпреварот највисоката предност што ја имаше една од екипите беше седум поени кога на почетокот од натпреварот  Гостивар имаше повеќе од играта.

Потоа Блокотехна се врати и внесе неизвесност во дуелот. Првата четвртина ја доби со пет поени разлика, а до полувремето Гостивар успеа да намали на три предност за гостите. Потоа следуваше третата четвртина која домашниот состав ја доби со 32-19. Во завршниот сегмент Блокотехна ниту еднаш не ја загрози предноста на гостиварци.

Џозеф Фустингер со 23 поени беше прв стрелец кај Гостивар, Сегариќ постигна 19, Трајковски 15 поени. Со 27 поени Данило Мијатовиќ ја предводеше листата стрелци кај Блокотехна.

За Гостивар ова е 10-та сезонска победа и со неа доаѓа на биланс од 25 бода кои го водат на петтата позиција на табелата. Блокотехна со 29 бода е второпласирана за водечкиот МЗТ кој има 30, а на третото место е шампионот Работнички со 28 бода.

Оваа рунда во домашниот шампионат ја обележа победата на МЗТ Скопје Аеродром во дербито со Работнички, а триумфи остварија и Вардар, Куманово и Фени Индустри.

Се вчитува...