Гостивар, по Муарем и Дервиши, го промовираше и третото засилување (ФОТО)

Второлигашот Гостивар го промовираше и своето трето засилување за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Запад. Се работи Хусеин Демири кој ќе го засили нападот на тимот.

26-годишниот Демири претходно во својата кариера има настапувано за Работнички, Македонија ЃП, Тетекс и Скопје, а има играно и во Косово и Финска.

Претходно, Гостивар ги засили своите редови и со поранешниот репрезентативец Муарем Муарем кој доаѓа од Брегалница како и со Енис Дервиши.

Се вчитува...