Гостивар подобар од Фени Индустри на контролен меч

Во исклучително ефикасен натпревар, екипата на Гостивар, на домашен терен во салата „Младост“ го победи Фени Индустри со 100-96. Во контролата која е подготовка за двете екипи во пресрет на стартот од сезоната, Гостивар и Фени беа поуспешни во по две четвртини од средбата.

Кај Гостивар имаше четворица кошаркари со двоцифрен број поени. Димчевски постигна 25, Фурстингер еден помалку, Тасовски запиша 19, а Зекири 13 поени што придонесе за триумфот од четири поени разлика.

Кај Фени Индустри, Фандербурк средбата ја заврши со 23 поени, Пајиќ запиша 20, Елиот еден поен помлку.

Екипите од домашната прволигашка конкуренција периодов интензивно играат пријателски контроли. Новата сезона почнува по две седмици.

 

Се вчитува...