Гостивар поразен од ФМП Академија на свој терен

Екипата на Гостивар го претрпе четвриот пораз во сезоната, прв на домашен терен, откако вечерва загуби од ФМП Академија со 64:70. „Академците“ се чини дека го добија мечот во првата четвртина, кога се стекнаа со предност од 22:15, која ја задржаа до крајот на мечот.

Втората четвртина исто така им припадна на ФМП со 13:14, а потоа Гостивар се обиде да се врати и го доби третиот период со 20:18. Последната четвртина заврши со егал.

Најдобар стрелец беше Иви со 24 поени, додека Дејли кај Гостивар постигна 21 поен.

Се вчитува...