Гостивар потпиша со Американецот Канти (видео)

Гостивар се засили со одличен кошаркар откако денеска потпиша договор со Карим Канти, 25-годишен американски „комбо-бек“ кој ќе ја засили надворешната линија на македонскиот прволигаш.

Станува збор за играч кој имаше серија добри игри во НЦАА-лигата за Универзитетот Обурн, пред да си замине од тимот поради конфликт со менаџерот на кошаркарскиот тим. Канти потоа настапуваше и во Канада, а ланската сезона ја мина во Мароко, носејќи го дресот на Ас де Сале. Тој е втор странец во ростерот на гостиварци за наредната сезона, откако беше продолжен договорот со хрватскиот плејмејкер Сегариќ.

Покрај Канти во најскоро време ќе биде ангажиран и странски центар, со што тренерот Марјан Србиновски ќе има на располагање квалитетен состав на стартот од подготовките, што потоа би можел да се допокомплетира со уште некое засилување.

Се вчитува...