Гостивар прави супер-тим: Потпиша Јанески, останува и Штерјов

Гостивар продолжува со формирањето на одличен тим за наредната сезона откако „сино-белите“ денеска го комплетираа и трансферот на Марјан Јанески. Искусниот крилен центар е роден во Гостивар, во последните години настапуваше во Куманово и во Работнички, за сепак да реши пред крајот на кариерата да се врати во тимот каде ги направи првите кошаркарски чекори.

„Марјан Јанески. Не треба премногу да се објаснува и да се кажува за големината на новиот играч на КК Гостивар, само да се каже дека Мачки се врати дома. Нашиот Гостиварчанец ќе биде дел од КК Гостивар најмалку две сезони“, објавија гостиварци на официјалната ФБ-страница.

Претходно, тимот на Марјан Србиновски потпиша нов договор со центарот Александар Штерјов, кој и во следната сезона ќе ги брани воите на Гостивар. Заедно со него верноста кон овој клуб ја продолжи и капитенот Ренато Димитриевски, кој беше значаен дел од тимот на Гостивар минатата сезона.

Гостивар претходно потпиша нови договори со тренерот Србиновски, потоа со Костоски, Димчевски и со Тасовски, како и со Американецот Армстед, како најава за уште поголем развој на овој стабилен кошаркарски проект во сезоната што следи, зошто да не и атак на шампионската титула.

Се вчитува...