Гостивар сериозно се засилува за пролетната сезона: Промовирани напаѓачот Кудијан и голманот Јашар (ФОТО)

Второлигашот Гостивар сериозно се засилува за пролетниот дел од шампионатот во Втората лига – Запад.

Гостиварци денеска како свои најнови засилувања ги промовираат досегашниот напаѓач на штипска Брегалница, Андреј Кудијан како и голманот Амир Јашар, чиј последен клуб е Влазнија од Косово.

Како што е познато, Гостивар претходно потпиша договори и со Ајрадин Цуцули, Ринор Ајдини, Хусеин Демири, Енис Дервиши и со поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем.

Се вчитува...