Гостивар си поигра со „фенерџијата“ Вардар

Кошаркарите на Гостивар стигнаа до убедлив триумф на домашен терен против „фенерџијата“ Вардар (101-75) во последниот натпревар од програмата од 19. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Гостиварци уште од самиот старт тргнаа силно, па веќе по десет минути игра има двојно повеќе поени од противникот (29-14). До крајот на мечот разликата на семафорот само се зголемуваше за конечен триумф од 101-75.

Koлин Слејтер со 30 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените Митков и Хот постигнаа по 17 поени.

Се вчитува...