Гостивар смени еден странец на самиот старт од подготовките

Екипата на Гостивар по само десетина дена тренинзи е принудена на правата рокада во играчкиот ростер за новата сезона, откако плејмејкерот Гипсон не ги оправда очекувањата и доби исписница од клубот.

Гипсон требаше да биде главен организатор на играта на гостиварци, но стручниот штаб воопшто не беше импресиониран од она што го виде од Американецот и реши експресно да ја прекине соработката со него.

Како нов плејмејкер е доведен уште еден Американец, Станува збор за Даниел Вензант, кој доаѓа во Гостивар од лигата во Полска каде имал сосема солидни бројки од 12,4 поени и 2,8 асистенции по натпревар.

Се вчитува...